Хрватската скијачка Зринка Љутиќ победи на слаломот во словенечка Крањска Гора, а со втората последователна победа во слалом поведе во слалом и во генералниот пласман во Светскиот куп. Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење, а во вториот круг Зринка повторно го постави најбрзото време и славеше со резултат 16 стотинки побрз од Холденер, објаги 24 сата.хр.
Трета беше Швеѓанката Ана Свен Ларсон (+1,19).
Минатата недела во Семеринг, Австрија, Љутиќ ја постигна првата победа во кариерата, а и тогаш, како и во Крањска Гора, го имаше стартниот број 2. Тоа е воедно и прва хрватска победа во Крањска Гора, а на Љутиќ и успеа тоа што не им успеа ниту на Ивица и на Јаница Костелиќ.
– Немам зборови. Се чувствував добро, сакав само да се засилам во финишот и речиси успеа. Им благодарам на сите што дојдоа, ова е само почеток – изјави Зринка по победата.