Холивудската актерка беше фотографирана во Западен Холивуд со синовите, 22-годишниот Пакс и 18-годишниот Нокс. Излегувањето доаѓа по емотивното признание на нејзината ќерка Вивиен, која откри дека годинава била хоспитализирана поради нарушување во исхраната.
Џоли беше облечена во бела блуза со V-израз, широки сиви панталони и долг кафеав капут, а изгледот го надополнила со очила за сонце. Пакс избрал црна облека и бејзбол-капа, додека Нокс носел бела маица и кафени панталони. Тројцата биле на вечера во Вест Холивуд на 8 ноември.
Ова е едно од ретките јавни појавувања на актерката со двата сина. Пакс има 22 години, а Нокс, кој е близнак со Вивиен, неодамна наполни 18. Анџелина и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит имаат шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен.
Семејното излегување се случува само неколку дена по изложбата на Вивиен, насловена „A Gallery on Patience in Patients“, во која ќерката на актерите преку цртежи и записи од дневникот го раскажа своето искуство од болницата. Таа откри дека на почетокот на годинава била хоспитализирана поради нарушување во исхраната и дека во тој период се чувствувала „луто, болно и многу осамено“. Подоцна, како што напишала, добрината на децата и персоналот во болницата ѝ помогналe повторно да се отвори и да се почувствува прифатено.
Во истиот период Вивиен доби и судско одобрение за промена на името. Таа веќе не го носи презимето на татко ѝ, па нејзиното име сега е Вивиен Маршелин Џоли. Така им се придружи на Медокс, Захара и Шајло, кои исто така го исфрлија презимето Пит. Нокс и Пакс засега не поднеле барање за промена на презимето.
Анџелина неодамна беше во центарот на вниманието и поради филмските ангажмани, а на 2 ноември присуствуваше на проекција на филмот „Wild Horse Nine“ во Лос Анџелес. По разводот со Бред Пит, кој беше финализиран во 2024 година по долгогодишна правна битка, актерката најчесто го држи семејниот живот подалеку од јавноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
