Европската комисија воведува „флексибилен ЕЕС“ за да ги ублажи застојот и долгите чекања на дел од границите и аеродромите. Националните власти ќе можат привремено да ја суспендираат биометриската регистрација во случаи кога редиците ќе станат предолги, но без укинување на стандардните гранични контроли.
Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерс, соопшти дека Брисел веќе работи со земјите-членки за надминување на оперативните проблеми што се појавија по воведувањето на системот за влез и излез (EES).
Тој најави и технички состанок со претставници на воздухопловната индустрија за да се разгледаат предизвиците што ги создава новиот режим на контрола.
Според Ламерс, новиот систем веќе покажал конкретни резултати во областа на безбедноста.
– Имаме нов систем што ни овозможува идентификација и вкрстена проверка на биометриските податоци. Во изминатите неколку месеци идентификувавме околу 1.000 лица кои биле оценети како безбедносен ризик и поради тоа не влегле во Европската Унија – изјави Ламерс.
Тој нагласи дека ваква проверка не била можна со стариот систем базиран на печати во пасошите.
Најважната новина е што локалните власти ќе можат привремено да ги запрат дополнителните биометриски процедури, како фотографирањето и земањето отпечатоци од прсти, кога ќе се појават прекумерни доцнења.
Тоа нема да значи укинување на контролите, туку прилагодување на темпото на регистрација за да се избегне колапс на премините и терминалите.
Одлуката за таков чекор ќе ја носат националните служби директно на терен.
– Ако времето на чекање ги надмине вообичаените рамки, тогаш надлежните ќе треба да проценат дали е потребно привремено суспендирање на биометриската регистрација – објасни Ламерс.
Иако медиумите во повеќе европски земји објавија дека ЕЕС значително ги продолжува редиците и создава дополнителни проблеми за патниците, Европската комисија не се согласува со таквите оценки.
Од Брисел тврдат дека дел од проблемите на границите постоеле и пред воведувањето на новиот систем и дека придобивките за безбедноста се далеку поголеми од привремените тешкотии.
Сепак, одлуката за воведување „флексибилен ЕЕС“ покажува дека Комисијата признава оти новиот систем бара дополнителни прилагодувања за да функционира без сериозни последици за патниците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
