Background

Хамас денеска изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред нивното најавено предавање на Црвениот крст

Хамас денеска изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред нивното најавено предавање на Црвениот крст. Со тоа продолжува спроведувањето на договорот за прекин на огнот, според кој Израел треба да ослободи стотици затворени Палестинци во замена за заложниците.

Тројцата заложници кои денеска ќе бидат ослободени се Иар Хорн (46), двоен државјанин на Израел и на Аргентина, Саги Декел Чен (36), американско-израелски државјанин и Александар Труфанов (29), кој има израелско и руско државјанство. Сите тројца беа киднапирани на 7 октомври 2023 година во напад на Хамас врз Израел, што ја поттикна војната.

Ова е шеста рунда на размена на заложници и затвореници помеѓу Хамас и Израел од почетокот на првата фаза од прекинот на огнот на 19 јануари. Досега се разменети 21 заложник и повеќе од 730 Палестинци од израелските затвори.

- Advertisement -
Ad image

Во последните денови, прекинот на огнот беше доведен во прашање поради спорот што се закануваше повторно да ги разгори борбите во Газа. Хамас во четвртокот објави дека планираниот редослед за ослободување на заложниците ќе продолжи по разговорите со посредниците од Египет и Катар, кои, според палестинското движење, дале гаранции дека ќе ги отстранат сите пречки и ќе се погрижат Израел да дозволи повеќе шатори, медицинска опрема и други основни предмети да влезат во Газа.

Возила на Црвениот крст утринава пристигнаа на местото каде Хамас треба да ги ослободи заложниците. Како и за време на претходните размени, десетици маскирани и вооружени борци на Хамас се наредија во близина на бината украсена со палестински знамиња и ознаки на милитантните фракции. Црвениот крст, откако ќе ги преземе заложниците, ќе ги пренесе до израелските сили.

Од 251 заложник, 73 уште се во Газа, а околу половина од нив се верува дека се мртви. Речиси сите преостанати заложници се мажи, вклучително и израелски војници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation