Неколку регионални банки за крв во Франција биле погодени од сајбер напади на 2 ноември, соопшти француското министерство за здравство, но додаде дека нема оштетување на производите од крв складирани во центрите.
Инцидентот следува по нападите кои ги принудија продавниците во осум европски земји да фрлат огромни количини храна, откако хакери ги „нападнаа“ нивните фрижидери во понеделникот.
„Неколку регионални капацитети на Францускиот завод за крв (EFS) беа погодени од сајбер инцидент кој влијаеше на одредени системи за следење и контрола на просториите за ладно складирање. Ситуацијата сега е под контрола и будно се следи. Безбедноста на резервите со крв е зачувана благодарение на системите за следење и алармирање на капацитетите, како и на превентивните мерки кои беа веднаш спроведени“, се наведува во соопштението на министерството.
Во тек се истраги за да се проценат начинот на дејствување и околностите на инцидентот, потенцијално засегнатата опрема, како и условите и временската рамка за безбедно враќање во функција.
Ова е првпат да биде нападната критична здравствена инфраструктура. Хакерите сакале да ги уништат резервите на крв и плазма преку намерно прегревање, со што би предизвикале сериозен колапс во здравствениот систем.
Според информациите од истрагата, тие ги презеле контролните системи на коморите за ладење и ги промениле параметрите за да ја кренат температурата на екстремни 110°C.
За да биде употреблива, крвта и нејзините деривати мора да се чуваат на строго контролирани ниски температури (на пример, крвната плазма се чува замрзната на под -25°C. Благодарение на независните физички аларми и брзата реакција на вработените кои веднаш ја префрлиле крвта во сигурни комори, хакерите не успеале во својата намера и крвта останала безбедна.
Tagged as:
ХАКЕРИТЕ НАПАДНАА БАНКИ ЗА КРВ ВО ФРАНЦИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
