Background

Гувернерот Славески на Конституенцата на ММФ и Светската банка: Ценовната стабилност и натаму приоритет во услови на светска неизвесност

Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на местото на европските економии во светските синџири на вредности.

Во рамките на Годишниот состанок на Конституенцата, гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари билатерални средби со извршниот директор на Конституенцата во ММФ Јерун Клик и заменикот на извршниот директор Марникс ван Рај, како и со потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија Антонела Басани, придружувана од претставници на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Мултилатералната агенција за гарантирање инвестиции (МИГА).

На средбите беше истакнато дека зачувувањето на ценовната стабилност е главниот предуслов за одржлив економски раст и финансиска стабилност, особено во услови на засилени геополитички ризици, неизвесност во светската економија и брзи технолошки промени. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка внимателно ги следи домашните и меѓународните економски движења и ги презема сите потребни мерки за одржување на ценовната и финансиската стабилност, со што придонесува за зачувување на довербата во монетарниот систем и за стабилни услови за економскиот развој.

- Advertisement -
Ad image

На состаноците беше разговарано и за тековните макроекономски движења, отпорноста на финансискиот систем, предизвиците поврзани со геополитичките случувања, како и за улогата на дигиталната трансформација во поддршката на економскиот раст и продуктивноста. Беше потврдена и добрата соработка меѓу Народната банка, ММФ и Светската банка во спроведувањето на реформите и јакнењето на институционалните капацитети.

Во состав на македонската делегација се и вицегувернерот Игор Величковски и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation