Background

Грција ветува парични и материјални награди за ловците, професионалци или аматери, кои ќе помогнат во ловењето на отровната „зајачка риба“

Грција ветува парични и материјални награди за ловците, професионалци или аматери, кои ќе помогнат во ловењето на отровната „зајачка риба“. Појавата на оваа риба летово ги крена алармите кај јужниот сосед.

Лагоцефалусот им прави големи штети на рибарите поради своите големи заби, налик на зајачки, со кои ги кине и најсилните најлонски мрежи и рибарска опрема за да дојде до пленот.

Надлежните власти и рибарските здруженија упатија јавен повик до професионалците и до аматерите да се приклучат на акцијата, која е замислена како големо наптреварување.

- Advertisement -
Ad image

Овој инвазивен вид пристигнал од Црвеното Море преку Суецкиот канал и во изминатите години се проширил низ Егејското и низ Јонското Море.

На една од снимките на социјалните мрежи фатената риба одгризнува лименка од пиво „Митос“ на бродот на грчки рибар.

 

Освен што ги уништува мрежите, рибата голта домашни видови риби и ракови, со што дополнително го нарушува морскиот екосистем.

Експертите предупредуваат дека Лагоцефалусот содржи тетродотоксин, опасен отров кој може да биде фатален за луѓето.

Токсинот од рибата не се уништува ниту при термичка обработка на месото.

„Оваа риба буквално го проголтува нашиот екосистем и ја менува биолошката рамнотежа на морето. Ако не ја спречиме, последиците за туризмот и за риболовот ќе бидат катастрофални“, предупредуваат морските биолози.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation