Background

ГРЦИЈА ГО МОДЕРНИЗИРА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Архитектонска и енергетска надградба на постојните објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирање на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот на пасошката, царинската, фитосанитарната и на ветеринарната контрола, овозможување современи и ефикасни гранични услуги, побрз проток на патници и стоки, намалување на времето на чекање и усогласување со европските стандарди, предвидува проектот „Надградба на копнениот граничен премин Евзони Килкис“, во согласност со објавениот тендер за избор на изведувач за проектот, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

Модернизацијата на грчкиот дел од границата кон нашата земја беше соопштена во втората половина на август со издадена одлуката на грчкиот министер за внатрешни работи Теодорос Ливаниос, а минатата седмица Националниот инвестициски фонд на Грција објави тендер за изведувач за проектот во висина од 23,6 милиони евра.

Во согласност со тендерот, предмет на проектот е „поправка и надградба на постојните објекти на ГП Евзони во Регионалната единица Килкис преку студија и изведба на градежни работи“, а рокот за завршување е најмногу 22 месеца од датумот на потпишување на договорот со изведувачот.

„Надградбата на конкретниот граничен премин е итен приоритет за усогласување на Грција со меѓународното право и обврските што произлегуваат од Европската Унија. Проектот е вклучен во Развојната програма за јавни договори од стратешко значење и се финансира од Националната програма за развој (ЕПА 2021 – 2025)“, пишува во објаснувањето на јавниот повик.

Краен рок за доставување понуди е 9 март 2026 година.

Во тендерот е објаснето дека во проектот се вклучени архитектонска и енергетска надградба на објектите и инфраструктурата, надградба на патната мрежа, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошка, царинска, фитосанитарна и на ветеринарна контрола, но и за земјата да се усогласи со низа европски регулативи.

Дополнително, пишува дека ќе придонесе во „олеснување на прекуграничното движење и трговија, во ефикасноста на прекуграничните контроли, намалувањето на времето поминато во чекање за патниците и возилата, во зголемување на соработката на земјата со С Македонија, а со тоа и промоција на зајакнувањето и подобрувањето на добрососедските односи“.

Проектот е во висина од 19,06 милиони евра без ДДВ, односно вкупно 23,65 милиони евра, а надлежен орган е Децентрализирана управа на Македонија – Тракија.

Според генералниот секретар на Децентрализираната администрација на регионот Македонија – Тракија, Димитрис Галаматис, надградбата на граничните премини е апсолутен приоритет и по преминот Кипи во Еврос, сега е објавен тендер и за надградба на Евзони, „со што во практика се поддржуваат плановите на Владата за зајакнување на копнените граници на земјата“.

– Станува збор за проект од стратешко значење, кој ја потврдува кохерентната политичка определба на државата систематски да инвестира во влезните порти на земјата. Определба што е поврзана со зајакнување на безбедноста, со функционалноста и оперативната ефикасност на контролните механизми, како и со подобрување на услугите за професионалците, посетителите и граѓаните на земјата – посочи Галаматис за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Пратеникот од владејачката Нова демократија, Фондас Баралијакос, кој е од областа Пиерија, на „Фејсбук“ објави дека стапил во контакт со Галаматис, кој го информирал за „оваа позитивна разврска, што е дел од поширокиот владин план за зајакнување на копнените граници“ додавајќи дека станува збор за проект од стратешко значење за кој се очекува „да ги зајакне националната безбедност и граничната контрола, значително да го подобри работењето на услугите на станицата, да ја надгради сликата на земјата на северната граница и да ја поддржи прекуграничната економска и трговска активност“.

– Особено сум задоволен од оваа разврска бидејќи модернизацијата и обезбедувањето персонал на копнените гранични премини, со што ќе станат модерни и функционални во согласност со европските стандарди, беше мој постојан и континуиран приоритет од првиот момент кога бев избран – напиша Баралијакос.

За модернизацијата на преминот од грчка страна, извори од надлежното грчко министерство на крајот на септември за МИА објаснија дека целта е да се намали чекањето, особено во летните месеци, посочија дека станува збор за голем проект, а додека траат работите, граничниот премин ќе функционира нормално и без проблеми.

Тогаш претседателот на Унијата на полицајците од Килкис, Христос Карјотудис, во разговор со дописничката на МИА од Атина позитивно ги оцени најавите за надградба на ГП Евзони и објасни дека кога граничниот премин бил изграден пред многу години, не било предвидено дека ќе има толку голем број туристи и возила во летниот период со резултат лентите и за влез и за излез од земјата да не се доволни, па затоа и се создаваат редици.

Тој посочи дека за влез во Грција се 9 до 10 ленти, а за излез се двојно помалку, а „во текот на летниот период имавме од 15 до 25.000 лица дневно“ и изрази очекување дека со надградбата ќе се зголеми бројот на сообраќајните ленти и за влез и за излез.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖