Background

ГРЦИЈА АД ХОК ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ЗЕМА БИОМЕТРИСКИ ПОДАТОЦИ НА ГРАНИЦИТЕ?

Регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали постои размислување во Владата за евентуално одложување на имплементацијата и за државјани од балканските земји, како што беше случај со британските туристи.

Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред две седмици реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕ системот“.

Портпаролот на грчката Влада денеска рече дека според надлежните служби на полицијата „системот за влез и излез се имплементира од 12 октомври 2025 година на сите гранични пунктови во земјата, вкупно 99“.

- Advertisement -
Ad image

– Функционирањето на конкретниот систем создаде разни предизвици во сите земји-членки на Европската Унија, како и во нашата земја, што се должат на различни причини, како на пример објектната инфраструктура, доволен број вработени. Регулативата ЕЕС (Entry/Exit system) им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуалните зголемени притисоци на граничните премини. Во истиот контекст, Грција ќе ја оценува состојбата на поединечните гранични пунктови за влез и излез и ќе ја преземе соодветната мерка предвидена од горенаведената регулатива со цел од една страна да се опслужува зголемениот број патници, а од друга страна да сме усогласени со правилата и барањата на регулативата – објасни Маринакис.

Пред десет дена од грчката полиција соопштија дека „Грција успешно го започна целосното функционирање на Системот за влез-излез (Entry-Exit System), со регистрација на државјани на трети земји“.

– Грција ги презема сите неопходни мерки за управување со зголемениот патнички сообраќај на граничните премини, во рамките на Регулативата (ЕУ) 2017/2226 – соопштија од грчката полиција на 20 април.

Минатата седмица туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година, а ослободување од ЕЕС-проверки при патување во Грција во текот на летните одмори побара и Националното здружение на туристичките агенции на Србија (ЈУТА).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation