Background

Гренел оцени дека УСАИД непромислено трошела пари во Западен Балкан

Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, изјави дека „милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации“ за спроведување на политиките во други земји, пренесува Анадолија.

Гренел на Х пренесе објава на локален медиуми за тоа колку пари наводно потрошила американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „непромислено трошење“.

„Вредните Американци плаќаат даноци – политичарите во Вашингтон непромислено ги трошат тие пари. Милијарди долари дадени на левичарски невладини организации за да водат радикални политики во други земји“, напиша тој, споделувајќи објава во која се спомнуваат наводните трошоци на УСАИД во Западен Балкан.

- Advertisement -
Ad image

Во објавата што ја сподели Гренел, се шпекулира за речиси две милијарди долари биле дистрибуирани од УСАИД во земјите од Западен Балкан од 2020 до 2024 година, што се совпаѓа со поголемиот дел од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Наводно, во период од четири години, повеќе од 500 милиони долари биле дадени на Косово, околу 400 милиони на Босна и Херцеговина, речиси 300 милиони долари на Северна Македонија, повеќе од 200 милиони на Србија, повеќе од 180 милиони на Албанија и повеќе од 70 милиони за Црна Гора.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го спои УСАИД со Стејт департментот, со цел да ја намали администрацијата и да ги усогласи трошоците со приоритетите на Трамп.

По неговата инаугурација на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба за суспендирање на американската помош за развој во странство на 90 дена. Тој рече дека „никаква натамошна американска помош во странство нема да биде исплатена на начин што не е целосно во согласност со неговата надворешна политика“.

EPA-EFE/SHAWN THEW

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation