Дипломатски инцидент се случи за време на 36-от самит на НАТО во Анкара кога грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја обвини домаќинката, Турција, за „отворени закани со војна“ против неговата земја, иако двете земји се членки на Алијансата.
Зборувајќи по средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, Мицотакис не сакаше да коментира за разговорите за можна продажба на американски борбени авиони Ф-35 на Турција, туку упати директни обвинувања против Анкара, објави N1 Сараево.
„Нема да коментирам за изјавите дадени претходно од Трамп и Ердоган. Алијансата мора да се базира на основниот принцип на добрососедски односи. Мојата земја продолжува да се соочува со отворена закана со војна од Турција“, рече Мицотакис, додавајќи дека „чувствителноста на сите сојузници на НАТО мора да се земе предвид“.
Тој изрази уверување дека спорните прашања можат да се решат „во дух на соработка“.
На крајот од своето обраќање, грчкиот премиер се обиде да ги смири тензиите, истакнувајќи дека „секогаш му е задоволство“ да ја посетува Анкара и дека отсекогаш бил застапник на подобрување на односите меѓу двете соседни земји.
Tagged as:
Грчкиот премиер ја обвинува Турција за отворена закана со војна
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
