Background

Грчки геолог објасни зошто е „подобро“ да удри силен земјотрес

Повеќе од 9.000 луѓе, жители и туристи досега го напуштиле Санторини поради последните потреси околу островот и најавите за голем земјотрес. Рано наутро се створи хаос на пристаништето кога бројни семејства се обидуваа да се качат на траекти.

Сепак, угледниот грчки геолог Ефтимиос Лекас вели дека земјотрес од околу 5,5 степени според Рихтеровата скала, според нашите проценки, нема да има никакво влијание на островот.

– Овие земјотреси ја ослободуваат енергијата полека и постепено. Би сакал земјотрес од 5,2-5,3 степени според Рихтеровата скала за да може побрзо да се ослободи енергијата.

- Advertisement -
Ad image

Лекас ова го изјави за грчката телевизија МЕГА, пишува „Прототема“. Тој вели дека се враќа на островот по средбата во Атина со министри и со членови на владата на премиерот Киријакос Мицотакис.

Тој оцени и дека „има слаба можност за сценарио во кое би се случил земјотрес од шест степени според Рихтеровата скала или поголем“.

– Жителите на Санторини треба да се чувствуваат безбедно. Не треба да има паника за заминување од таму. Забележав дека главно заминуваат странци кои работат овде. Овие земјотреси се случуваат на длабочина од 15 километри. Нам ни е важна длабочината на која се случува земјотресот. Тоа е важно бидејќи ни помага точно да го одредиме сеизмичкиот расед, а тоа е клучно затоа што имаме цел комплекс на раседи.

На Санторини во последните десет дена се забележани 550 земјотреси, од кои само вчера 20 биле посилни од четири степени според Рихтеровата скала, а вкупно 185 биле посилни од три степени според Рихтеровата скала.

Кон крајот на минатата недела грчките власти објавија дека сензорите откриле „блага сеизмичко-вулканска активност“ во кратерот на вулканот Санторини, кој доживеа една од најголемите ерупции во историјата на човештвото, во бронзеното доба околу 1620 година п.н.е., кога голем дел од островот и го добил сегашниот облик.

Но, според грчкиот експерт Санторини е далеку од изгаснатиот вулкан на островот Аморгос.

– Епицентарот на земјотресот се движи, се движи североисточно кон Аморгос. Ова значи дека тие се оддалечуваат од Санторини, што е добро бидејќи Аморгос не е толку ранлив како Санторини. Последиците од земјотресот би биле помали на Аморгос отколку на Санторини. Нема врска со вулканот. Тоа не значи дека нема вулканска активност, таа постои илјадници години. Според нашите пресметки, ќе бидат потребни околу 17.000 години за повторно да еруптира вулканот на Санторини. Тој вулкан еруптира на секои 20.000 години во последните 200.000 години. Имаше помали активности, но тие се многу бавни – заклучи Лекас.

И покрај неговите зборови, паниката во Санторини продолжува. Грчка „Прототема“ напиша дека покрај редовните летови од островот, денеска ќе продолжат и специјалните летови за Атина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation