Гордана Јовиќ-Стојковска е единствениот кандидат за претседател на Друштвото на писателите на Македонија за претстојното редовно изборно Собрание на ДПМ, кое е закажано за 30 мај, во 12 часот.
Како што информираат од ДПМ изборот на новото раководство оваа година за првпат ќе се одржи со гласање во живо, но и со онлајн-гласање.
Кандидатката е романописец, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, творец на дела на македонски и на српски јазик, поранешна претседателка на Македонска книжевна младина.
Гордана Јовиќ – Стојковска е родена 1961 во Грделица, Србија, каде што го има завршено основно и средно образование. Во Скопје доаѓа да живее по запишување на студии на Биолошкиот факултет.
Книжевната кариера ја започнала уште од рани младешки денови објавувајќи во списанијата за култура и млади во тогашната Југославија. По одлуката да живее во Скопје, таа го изучила македонскиот јазик, на којшто ја објавува својата прва книга „Noctambulissmus (Северно талкање)“ која што е објавена како награден ракопис на тогаш југословенскиот конкурс за дебитантска книга при Книжевниот клуб Куманово. Со оваа поетска книга Гордана Јовиќ – Стојковска добива награда Млада Струга 1989. Од крајот на истата година раководи со Книжевна младина на Македонија како Претседател. Во неа во периодот до 2002 година промовира и објавува голем број дебитантски книги на сега афирмирани млади писатели, воспоставува контакт и соработка со врвни автори од Бугарија, Кипар, Турција, Русија и одржува континуирана соработка со писателите од просторот на дотогашната Југославија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
