Гугл се согласи да плати 326 милиони евра даночен долг во Италија
Канцеларијата побара од истражниот судија да ја прекине постапката бидејќи компанијата се согласи да го подмири долгот за периодот од 2015 до 2019 година, напиша обвинителот на Милано Марчело Виола во известувањето.
Во износ од 326 милиони евра се вклучени санкции, казни и камати, се вели во соопштението на обвинителот.
Истрагата покажа дека компанијата не пријавила приходи во Италија и не плаќала даноци, се додава.
Во средината на минатата година, канцеларијата во Милано заклучи дека Google не плаќал даноци во периодот од 2018 до 2022 година, тврдејќи дека работат и генерираат приход во Италија бидејќи имаат дигитална инфраструктура.
Кога ќе се додадат казните на даночниот долг, компанијата мора да плати една милијарда евра на италијанскиот буџет, изјавија три извори за Ројтерс во јуни.
Во 2017 година, Google се согласи да плати 306 милиони евра даноци што не ги платил за периодот од 2009 до 2013 година. Финансиската полиција утврдила дека компанијата е регистрирана во Италија врз основа на бројот на вработени, потсетува Ројтерс.