Полицијата во Загреб врши интензивна потрага по дете кое, како што вели неговата мајка, со неа влегло во реката Сава и самата се јавила во полиција за да пријави дека детето го фрлила во реката и се удавило, јавува „Јутарњи лист“.
Огромна потрага со дронови и чамци е организирана покрај брегот на реката Сава, од мостот Јанкомир низводно, каде што се распоредени бројни полициски и други служби за итни случаи.
„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, жена со дете во рацете влегла во реката, и е укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за да се пронајде детето“, соопшти полицијата.
Доколку се потврдат нејзините наводи дека го убила детето, жената кривично ќе одговара за убиство на дете.
Инаку, во тек е потрага по тригодишно девојче, неофицијално дознава РТЛ.