Новак Ѓоковиќ сè уште не се чувствува пријатно кога ќе се појави во Австралија откако беше депортиран во 2022 година. Од тој момент па натаму, и најмалата работа може да ја врати траумата.
По пристигнувањето во Австралија, тој зборуваше за познатиот „Хералд Сан“ и откри многу интимни детали и борби низ кои поминува секогаш кога ќе се најде под лупа во оваа земја.
Се сеќава како бил депортиран, а пред тоа бил задржан во „хотел“ за мигранти. Никогаш нема да го заборави скандалозниот третман кој го доживеа, иако дури една година подоцна ја освои титулата на Австралија Опен.
„Ќе морам да бидам целосно искрен. Последните неколку пати кога слетав во Австралија и поминав низ обезбедувањето, ја почувствував траумата од пред три години. Некои траги остануваат и сега кога поминувам низ контрола, бидејќи само проверувам дали некој доаѓа од имиграција“, изјави Ѓоковиќ за „Хералд Сан“.
Потоа објасни што точно му поминува низ главата во тој момент. Нешто за што повеќето луѓе не мора да се грижат, пишува Нова.рс.
„Гледам и како ми го проверува пасошот – ќе ме земат, ќе ме задржат или ќе ме пуштат? Морам да признаам дека го имам тоа чувство“, изјави тој.
Тој тврди дека ги совладал овие работи – со тениско знаење.
„Нема лутина, да бидам искрен. Не ми пречеше, веднаш се вратив следната година… И го освоив турнирот. Моите родители и целиот тим беа таму, а тоа беше всушност една од најемотивните победи што некогаш сум ја постигнал, по се што поминав претходната година“, заврши Ѓоковиќ.