Background

Ѓоковиќ го чека германскиот тенисер на полуфиналето

Вториот светски рекет, германскиот тенисер Александар Зверев, обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија опен откако во првиот четвртфинален меч беше подобар од Томи Пол со 3-1 (7-6, 7-6, 2-6, 6-1).

Со тоа, Германецот го повтори успехот од минатата и од 2020 година кога, исто така, се движеше кон полуфиналето. Денешниот триумф го оствари благодарение на упорноста бидејќи по првите 2 сета, место да губи со 0-2, тој имаше водство од 2-0.

Во двата сета Пол имаше брејк предност и сервираше за сет, а Зверев успеваше да се врати. Во воведниот сет, Американецот сервираше при водство од 6-5, но Зверев ја искористи втората брејк топка и го израмни резултатот за да слави со убедливи 7-1 во тај-брејкот. Во вториот сет слично сценарио, Пол отвори со 3-0 и ја одржуваше предноста до 5-4 кога Зверев го освои сервисот на противникот без загубен поен и во тај-брејкот беше уште поубедлив (7-0).

- Advertisement -
Ad image

Пол конечно ја валоризираше својата предност во третиот сет кој го освои со 6-2, но Зверев потоа на доминантен начин стави точка на мечот.

Во полуфиналето тој ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Ѓоковиќ и Алкараз кој е планирано да почне во 10:30 часот.

Зверев во полуфиналето ќе се соочи со победникот од натпреварот Новак Ѓоковиќ – Карлос Алкараз.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation