Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, предводени од тренерот Ромео Кочоски, денес на стадионот во Чаир во Скопје убедливо го совладаа ФК Шкупи со 0:3. Победата донесе три нови бода во Втората македонска фудбалска лига и ја зацврсти позицијата на Охриѓани на врвот на табелата.
Гостите од Охрид го диктираа ритамот на натпреварот од почеток до крај. Нивната надмоќ беше видлива во сите 90 минути, а резултатот од 0:3 не остава простор за сомнеж околу тоа која екипа била подобра на теренот.
Охриѓани поведоа со 0:1 уште во 4. минута, со гол на Давид Матески. Потоа на сцена настапи голгетерот на Втората македонска лига, Каланоски, кој го зголеми водството на 0:2. Конечниот резултат го одреди Масевски со третиот гол за 0:3.
Посебна пофалба заслужи левиот офанзивен бек на Охриѓани, Давор Росиќ. Тој со својата прекрасна игра сѐ повеќе им задава маки на противничките екипи, а и во овој натпревар беше една од позитивните карактеристики на гостите.
Со новите три бода ГФК Охрид Лихнидос се забетонираа на врвот на табелата во Втората македонска лига. Победата во Чаир е уште еден чекор кон остварување на целите на клубот во оваа сезона.
С.Д.
Tagged as:
Втора македонска лига ГФК Охрид Лихнидос ГФК Охрид Лихнидос на тренерот Ромео Кочоски го победи ФК Шкупи со 0:3 во Чаир. Голови: Матески Давид Матески Давор Росиќ Каланоски Каланоски и Масевски. Охриѓани се на врвот на табелата во Втора македонска лига. Масевски Ромео Кочоски табела ФК Шкупи
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
