Background

Германската министерка за економија Катерина Рајхе подготвува нацрт-закон со кој ќе им се овозможи на електраните на јаглен и нафта од резервата привремено да се вратат на пазарот на електрична енергија

Германската министерка за економија Катерина Рајхе подготвува нацрт-закон со кој ќе им се овозможи на електраните на јаглен и нафта од резервата привремено да се вратат на пазарот на електрична енергија, со цел да се намали потрошувачката на природен гас и да се ублажат ризиците во снабдувањето со енергија, објавија германските медиуми.

Планот е подготвен во услови на ескалација на конфликтите на Блискиот Исток, кои ги блокираа транспортните патишта и ги оштетија капацитетите за извоз на енергија, ограничувајќи ја достапноста на фосилни горива и зголемувајќи го ризикот од недостиг на природен гас во Германија.

Според нацртот, електраните од резервата на мрежата што користат јаглен или нафта, како и електраните чие затворање беше планирано во 2026 или 2027 година како дел од планот на Германија за напуштање на јагленот, привремено ќе се вратат на пазарот. Сè уште не е постигнат конечен договор за статусот на електраните за кои е предвидено затворање во 2028 година.

- Advertisement -
Ad image

Трајно затворените електрани нема да бидат рестартирани, бидејќи нивното пуштање во употреба би траело помеѓу 12 и 24 месеци.

Резервните капацитети на Германија изнесуваат повеќе од осум гигавати, а повеќето од нив се електрани на лигнит. Предложените решенија би овозможиле нивно враќање на редовниот пазар најдоцна до 31 март 2028 година.

Како што пишува „Велт“, резервните капацитети во Германија изнесуваат повеќе од 8 гигавати, а најголемиот дел се електрани на јаглен. Досега, овие капацитети можеа да се користат само во случај на недостаток на електрична енергија, а нацртот предвидува дека тие ќе бидат привремено достапни за редовно производство на електрична енергија.

Според предлогот, електраните би можеле да се пуштат на пазарот само откако федералната влада ќе прогласи вонредна состојба или вонредна состојба според планот за снабдување со гас. Учеството на операторите би било доброволно, но тие, по стапувањето во сила на законот, би морале да ги одржуваат електраните подготвени за работа и да обезбедуваат снабдување со гориво.

Трошоците за одржување на резервна состојба би се надоместувале и би се пренесувале на потрошувачите преку мрежни трошоци, дури и ако електраните не се користат.

Слична мерка беше спроведена од германската влада во 2022 година, за време на енергетската криза предизвикана од руската инвазија на Украина. Сегашната коалиција има намера да го искористи резервниот капацитет не само за да спречи недостиг, туку и за да го зголеми снабдувањето со електрична енергија и да го намали притисокот врз нејзините цени, кои се поврзани со високите цени на гасот.

Предлог-законот сè уште не е конечно договорен. Исто така, во Министерството за економија постојат сомнежи за тоа колку враќањето на резервните електрани на пазарот навистина би влијаело врз намалувањето на цените на електричната енергија, бидејќи, според претходните проценки, тој ефект би можел да биде ограничен на периоди на екстремно високи цени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖