Background

Германија го отвори прашањето дали треба да се укине недела како неработен ден  воведен пред повеќе од 100 години

Германија го отвори прашањето дали треба да се укине недела како неработен ден  воведен пред повеќе од 100 години.

Неделниот одмор во Германија е заштитен со уставот, а оваа одредба датира од Вајмарскиот устав од 1919 година и е пренесена во Основниот закон од 1949 година. Деталните правила за работното време ги донесуваат федералните покраини, па продавниците генерално се затворени во недела. Само одредени објекти имаат право да работат, како што се бензински пумпи, пекарниците со ограничено работно време и продавници на железнички станици, аеродроми и болници.

Досега, германската влада се одлучи само за минимални промени. Од 2027 година, планира да им дозволи на пекарниците, слаткарниците и јавните библиотеки да работат подолго во недела, додека за остатокот од трговијата нема такви планови.

- Advertisement -
Ad image

Германското здружение на малопродажба (HDE) смета дека ова не е доволно.

-Економијата е во лоша состојба, како и расположението на потрошувачите. Дали е навистина вистинско време да се брани пред луѓето кои сакаат да работат? – прашува директорот на здружението, Стефан Гент.

Поддржувачите на промените предупредуваат и на нелогичноста на постојните правила. На пример, во продавница во Берлин, купувачот може да купи краставица или газиран пијалак во недела, но не и компири, тиквички или грав од конзерва.

Разликите произлегуваат од сложените и нееднакви прописи на федералните покраини.

Застапниците на поголеми промени наведуваат пример на сопственик на еден минимаркет во Берлин кој бил казнет  неодамна со 2.500 евра бидејќи во недела продавал храна која е со подолг рок на траење, иако тој тврди дека без прометот во недела, кој сочинува 40% од неговиот неделен приход, не може да преживее.

Засега нема став на синдикатите околу нарушувањето на правото на работниците на неделен одмор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation