Значителното зголемување на трошоците за одбрана од страна на ферманската влада значи посветеност на безбедноста, рече денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Тој пред пратениците во Бундестагот рече дека 140-те милијарди евра наменети за буџетот за одбрана за следната година претставуваат „многу пари“ и дека е важна дебатата за приоритетите, исплатливоста и за јавниот долг.
– Безбедноста е основа на мирот. На следните генерации им должиме здрави јавни финансии, но пред сè, земја што може да ја брани својата слобода и мир – рече Писториус.
Тој предупреди дека Германија е „буквално на нишанот на Москва“.
Инцидентите, како што се осуетениот напад со донови натоварени со експлозив во Лајпциг, вооружените руски борбени авиони во естонскиот воздушен простор и беспилотните летала над териториите на НАТО го покажуваат ова јасно, додаде тој.
– Русија се обидува да нè шпионира, да влијае, да заплашува и да ги дестабилизира нашите општества и, пред сè, да ги вознемири луѓето – рече Писториус.
Русија, според него, троши половина од својот вкупен буџет за воени трошоци.
Руската војска треба да се прошири на 1,5 милиони војниц и регрутирала нешто помалку од 30.000 странски војници од Северна Кореја и други земји низ целиот свет, додаде.
– Москва користи голем дел од својот буџет за да ги надополни своите залихи за идните конфликти, а не да ги испраќа на линијата на фронтот во Украина. Од 150-те ракети со краток и среден дострел што Русија може да ги произведува секој месец, во просек само околу 80 се всушност истрелани во Украина – рече германскиот министер за одбрана.
Tagged as:
ГЕРМАНИЈА Е БУКВАЛНО НА НИШАНОТ НА МОСКВА ПРЕДУПРЕДИ ПИСТОРИУС
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
