Германија денеска постави апсолутен рекорд на температура со измерени 41,3 степени Целзиусови, кои беа забележани во западниот град Сарбрикен, полажуваат прелиминарните податоци од метеоролошката служба (DWD).
„Оваа вредност е достигната во Германија за првпат од почетокот на метеоролошките мерења“, соопшти мрежната служба Блускај.
Претходниот рекорд на температура од 41,2 степени Целзиусови беше забележан во Германија на 25 јули 2019 година.
– Сосема е можно оваа температура повторно да се достигне и утре , ако не и малку да се надмине – изјави Уве Баумгартен, метеоролог во DWD.
Германските метеоролози утринава издадоа предупредувања за силна до екстремна топлина низ целата земја.
Најжешкиот ден се очекува во недела, кога се прогнозираат температури до 42 степени Целзиусови. Метеоролозите предвидуваат дека топлотниот бран ќе трае до почетокот на следната недела.
Спортските и настаните на отворено се откажани во многу делови од земјата поради жештината.
Поради високите температури што ја оптоваруваат инфраструктурата на германските железници, тие предупредуваат на можни проблеми и советуваат да не се патува освен во случај на неопходност.
Покрај високите температури, веројатноста за бури од запад постепено ќе се зголемува од сабота со можност за обилни врнежи од дожд, град и силни налети на ветер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
