Background

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ СО ГРЦИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА, СО СРБИЈА ДО 2028

Македонија веќе во првата половина на следната година треба да добие ново гасно поврзување со Грција, а паралелно се планира и дополнителна електроенергетска интерконекција со Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува јужниот гасен интерконектор да биде пуштен во употреба во првата половина на 2027 година.

– Во меѓувреме се забрза и интензивира изградбата на гасниот интерконектор со нашиот јужен сосед. Очекувам некаде во првата половина на следната година истиот да биде синхронизиран и пуштен во употреба – изјави Мицкоски денеска на презентацијата на новиот извештај на Светската банка за Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Премиерот најави дека истовремено се работи и на северниот гасен интерконектор, со цел гасното поврзување по Коридорот 10 да продолжи кон Централна Европа.

– За северниот интерконектор очекувам да биде целосно синхронизиран на целата територија кај нас до крајот на 2028 година, со што гасниот терминал во Александруполис можеме да го поврземе со Централна Европа – рече Мицкоски.

Според неговите процени, со зголемување на притисокот капацитетот би можел да достигне од 4,5 до шест милијарди кубни метри гас, додека Македонија моментално троши околу половина милијарда кубни метри.

– Ќе бидеме транзитна земја и ќе можеме од таа услуга да имаме дополнителни приходи – изјави премиерот.

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција веќе е во напредна фаза. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска соопшти дека се заварени 30 од вкупно 67 километри.

Интерконекторот треба да има почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно и да обезбеди пристап до нови извори на снабдување и до инфраструктурата за течен природен гас во Грција.

Паралелно со гасното поврзување, Македонија и Бугарија разговараат за дополнително поврзување на своите електропреносни системи. Темата била отворена на средбата на Божиновска со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова на министерскиот самит во Белград.

Во рамките на Иницијативата Исток–Запад е предвидена изградба на дополнителна интерконекција меѓу македонскиот и бугарскиот електропреносен систем, како и идни надградби на постојната интерконекција меѓу Македонија и Грција. Целта е зголемување на преносните капацитети и поголема прекугранична размена на електрична енергија.

Енергетските проекти Мицкоски ги поврза и со пошироките планови за економски развој, по презентацијата на новиот извештај на Светската банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

„Во изминатите 27 месеци македонската економија бележи просечен реален раст од над 3,5 проценти, во период кога растот во Европската Унија и еврозоната се движи околу 1 до 1,2 проценти“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Според него, посебен потенцијал за идниот раст имаат новите технологии, вештачката интелигенција и податочните центри, за кои, како што наведе, веќе постои интерес од повеќе инвеститори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖