Фуриозна победа врз Катар на Светското првенство во ракомет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на Мундијалот 2025.

Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по 6 гола, а Марко Митев и Никола Костески постигнаа по 5.

По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ги зачуваа теоретските шанси за пласман во четвртфинале.

Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат двете првопласирани селекции, а останатите ќе бидат рангирани земајќи го предвид и пласманот во другите три групи.

Моментална табела:

1. Франција 6 бода
2. Холандија 4 бода
3. Македонија 4 бода
4. Унгарија 3 бода
5. Австрија 3 бода
6. Катар 0

По натпреварот Лазаров рече дека е среќен што успеале да победат.

– Им честитам на момците за тоа што го даваат за Македонија. Тешко е затоа што одигравме петти натпревар против силен ривал. Секоја чест за нив. Веруваме во тоа што го работиме, свесен сум дека имаме квалитет, веруваме во системот и стратегијата. Се гледа и дека имаме неискуство. Презадоволен сум од победата, но во исто време и незадоволен затоа што против поквалитетен ривал не би победиле. Штета што не се тука навивачите во голем број, како на почетокот, но оваа победа им ја посветуваме на нив – кажа Лазаров.

Франција е следниот ривал на Македонија на СП, а селекторот е свесен дека ги очекува пеколен натпревар, но вели дека нема што да изгубат.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме некоја идеја за дуелот против Франција, иако тие се фаворити за злато. Играат во страшен ритам и даваат голови од далечина, имаат ѕвезди кои играат во големи клубови. Немаме што да изгубиме, ќе се обидеме да ја поставиме играта на друг начин, зашто вака би било многу тешко. Очекувам во следните месеци голем дел од помладите ракометари да добијат поголема минутажа – рече селекторот.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра во сабота од 20.30 часот.

Share This Article