Францускиот претседател Емануел Макрон го започна вториот ден од самитот на НАТО во Анкара со својата добро позната утринска рутина – трчање низ еден од градските паркови, пред да им се придружи на лидерите на Алијансата.
Макрон трчаше во раните утрински часови во паркот Сегменлер, кој се наоѓа во населбата Чанкаја во Анкара, дел од градот познат по државните институции и бројните дипломатски претставништва.
Францускиот лидер беше придружуван од членови на неговото обезбедување, а за време на трчањето ги поздравуваше граѓаните кои го препознаа и застанаа да го фотографираат.
Утринското трчање стана еден од препознатливите ритуали на Макрон за време на неговите патувања во странство. Францускиот претседател често ги користи раните утрински часови за физичка активност за време на државните посети, што редовно привлекува внимание од локалните медиуми и минувачите.
Пред неговото пристигнување во Анкара, турските медиуми објавија дека биле разгледувани неколку можни локации за неговото утринско трчање, меѓу кои долината Дикмен, Ботаничкиот парк и областа околу езерото Ејмир.
Емануел Макрон и претходно бил во центарот на вниманието поради оваа навика, која ја практикувал за време на посетите на градови како Мумбаи, Александрија, Ченгду, Ереван, Каиро, Најроби и други светски метрополи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
