Background

Францускиот напаѓач се огласи откако сенаторката Селесте Амариља објавила серија навредливи пораки по натпреварот меѓу Франција и Парагвај на Светското првенство

Францускиот напаѓач се огласи откако сенаторката Селесте Амариља објавила серија навредливи пораки по натпреварот меѓу Франција и Парагвај на Светското првенство.

Мбапе порача дека ставовите на Амариља не се одраз на вредностите на Парагвај и на луѓето кои ја поддржувале својата репрезентација на шампионатот.

„Вие не го претставувате Парагвај, земја која покажа страст, борбен дух и чест во текот на целото натпреварување“, навел францускиот репрезентативец.

- Advertisement -
Ad image

Тој оцени дека нејзините настапи го засениле историскиот успех на парагвајската селекција.

„Поради вашата неодговорност и отворен расизам, целиот свет веќе го заборави патувањето и успехот на парагвајските фудбалери. Наместо тоа, во центарот на вниманието се најде некомпетентна жена која испраќа лоша слика за својата држава“, порача Мбапе.

Расистички пораки по натпреварот

Според медиумските извештаи, сенаторката по натпреварот објавила повеќе навредливи пораки насочени кон француската репрезентација и лично кон Мбапе откако Мбапе поситгна гол од пенал за победа на Франција(1-0).

Таа го нарече „колонизиран Камерунец кој очајно се обидува да се претстави како Французин“, додаде дека е „арогантен, новопечен богаташ и грдосија“, како и дека е „насилник кој не научил ни да пишува“.

Претходно, таа исто така реагираше на тоа што Мбапе не му подаде рака на парагвајскиот голман Орландо Гил по натпреварот, пишувајќи:

„Требаше да му го покажеш средниот прст, Орландо. Јас тоа го правам во Сенатот и ништо не ми е!“

„Нема да дозволам да се шири омраза“

Француската ѕвезда порача дека нема намера да молчи кога станува збор за расизам и за говор на омраза.

„Никогаш нема да дозволам луѓе како вас слободно да шират омраза и расизам низ целиот свет“, истакнал Мбапе.

Случајот повторно ја отвори дебатата за расизмот во спортот и за одговорноста на јавните личности кога настапуваат во јавноста и на социјалните мрежи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation