Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување на данокот за празните станови, мерка што ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, со цел да се поттикне понудата на станови за изнајмување и да се ублажи недостигот од домување во француската престолнина.
Според податоците на градските власти, во Париз има околу 150.000 ненаселени станови, што претставува девет проценти од вкупниот станбен фонд. Од нив, околу 80.000 се долгорочно празни и подлежат на оданочување.
Во согласност со францускиот Закон за буџет за 2026 година, општините ќе можат да ја зголемат даночната стапка од 17 на 30 проценти по една година ненаселеност, односно од 34 на 60 проценти по две години.
Заменик-градоначалникот задолжен за станбената политика, Жак Бодрие, ја оцени одлуката како „историска победа по десетгодишна борба“.
Според него, мерката би можела повторно да врати околу 20.000 станови на пазарот за продажба или изнајмување.
Тој додаде дека повисокиот данок ќе ја ограничи практиката дел од сопствениците своите втори станови да ги пријавуваат како ненаселени за да користат даночни олеснувања, а воедно ќе придонесе за зачувување на бројот на станови што се користат како основно живеалиште во Париз.
Предлогот, сепак, наиде на критики од десничарската опозиција во Градскиот совет.
Копретседателот на групата „Пари либерте“, Грегори Канал, изјави дека зголемувањето на данокот нема да го даде посакуваниот ефект.
– Данокот го поставувате на максимално дозволеното ниво. Тоа не е поттик, туку даночен притисок – изјави Канал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
