Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, со сопругата Стела и двете деца, отпатуваа во Рим на погребот на папата Франциск.
„Сега кога Џулијан е слободен, сите дојдовме во Рим за да ја изразиме благодарноста на нашето семејство за поддршката од Папата за време на прогонот на Џулијан. Нашите деца и јас имавме чест да се сретнеме со папата Франциск во јуни 2023 година за да разговараме како да го ослободиме Џулијан од затворот Белмарш. Франциск му пиша на Џулијан во затворот и дури предложи да му се даде азил во Ватикан“, гласи изјавата на Стела објавена на фејсбук профилот на „Викиликс“.