Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ подготвува длабока реорганизација што би можела да донесе масовно намалување на бројот на вработени, затворање производствени погони и нова корпоративна структура.
Според информациите што ги објавија германскиот „Manager Magazin“ , раководството на групацијата разгледува планoви кои, меѓу другото предвидуваат укинување до 100.000 работни места.
Плановите, според извештаите, веќе биле претставени од извршниот директор Оливер Блуме пред највисокото раководство, а за нив треба да расправа и Надзорниот одбор на состанок закажан за 9 јули.
Според медиумот, една од мерките предвидени во планот за реорганизација е да се затворат 4 фабрики во Германија: во Хановер, Цвикау и Емден на Фолксваген и фабриката на „Ауди“ во Некарсулм во кои работат 45.000 работници. Производството во овие фабрики, според планот, би престанало откако актуелните модели ќе го завршат својот животен циклус, без да бидат заменети со нови.
Планот за затворање на фабриките веројатно би се реализирал меѓу 2030 и 2033 година како што претходно е договорено со синдикатите за заштита на работните места.
Работничкиот совет и моќниот синдикат IG Metall веќе најавуваат силно противење на можни затворања фабрики и масовни отпуштања.
Реорганизацијата покрај кратење на трошоците предвидува и основниот бренд „Фолксваген“ и бизнисот со автомобилски компоненти да ги издвои во посебни компании за да ѝ овозможи на групацијата полесно да привлекува капитал или одделни делови од бизнисот.
Покрај тоа, се планира и кратење на инвестициите за околу 15% во следните 5 години, на нешто повеќе од 130 милијарди евра.
Причините за ваквите радикални чекори се поврзани со сè поголемиот притисок врз компанијата. Во првиот квартал од годинава нето-добивката на групацијата се намалила за 28%, на 1,56 милијарди евра, додека приходите паднале за два проценти, на 75,7 милијарди евра.
Дополнителен проблем се американските царини, кои според проценките на компанијата создаваат околу четири милијарди евра дополнителни годишни трошоци.
Истовремено, „Фолксваген“ се соочува со сè посилна конкуренција на кинескиот пазар, каде што веќе ја загуби долгогодишната лидерска позиција.
Tagged as:
„Фолксваген“ пред одлука да прифати 100.000 откази и затворање на 4 фабрики
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
