Актерот Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски” за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото” во Дојран.
– Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања – вели Наумовски.
Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и телевизија.
Актерот има одиграно во повеќе од осумдесет карактери, во исто толку продукции на филм и телевизија, на повеќе од десетина јазици меѓу кои и неколку продукции во Македонија. Во „Мојот Њујорк” се игра себе самиот, емигрант и лунатик. Но значајни се и неговите улоги како Марко во „Ноќен агент”, Виктор во „Лос Кос”, Иван Асланов во „Крајот на играта”, Александар Леко во „Ѓоспоѓата Министерка”, Ајнштајн во „Медени ноќи”, како и Олег во „Портокалово е новото црно”.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
