Сагата „Сара“ бурно заврши, но случајот Арнаудов допрва почнува: Савески е пред клучен испит!
Сагата „Сара“ во Охрид синоќа тивко заврши со одредување мерка притвор на осомничениот насилник Кристијан Корабоски. Ова следуваше по бурната реакција на македонската јавност преку медиумите и социјалните мрежи, откако правосудните власти увидоа дека во овој случај ја прелеале чашата со заштита на криминогени ликови.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески ја донел принудната одлука да го одземе предметот од јавниот обвинител Стојанче Арнаудов и да го додели на обвинителката Викторија Коваческа Мандулоска, за што „Охридскај“ пишуваше (линк).
Но случаите на нестручно и селективно постапување на обвинителот Арнаудов не смеат да запрат само на одземањето на предметот „Сара“. Напротив, Савески е сега пред клучен испит да расчисти со нестручноста и со сомнежите за корупција во редовите на обвинителството. Еве зошто.
Предмети без епилог
Стојанче Арнаудов подолг временски период е во центарот на вниманието поради скандалозни обвинителски одлуки. Постапувал по многу предмети што до денес немаат епилог.
За потсетување, пред една година истиот обвинител постапуваше и по предметот за трагичната загина на работникот Кристијан Љушев на необезбедено градилиште на булеварот Туристичка, на само 50 метри од домот на Арнаудов. Тогаш му поставивме клучни прашања (линк), за кои до денес нема одговор.
Вистината се погреба со денот на погребот на Љушев. Станбената зграда се изгради, началниците, браќата Зоровски, се вселија во станбените единици, и на никого влакно не му недостига.
Кривична пријава за исечени далеководи стои без движење: обвинителството молчи
Државниот јавен обвинител Савески треба да испита и зошто Јавното обвинителство Охрид не постапува по поднесената кривична пријава против Андон Бојаџи, раководител во ЈУНП „Галичица“, Ѓуро Јовчески, чувар во националниот парк, и Антонио Додески од Горско-спасителната служба при Црвен Крст Охрид и претседател на НВО „Патагонија“ Охрид.
Според пријавата, пријавените исекле далеководни столбови, државен имот вреден 10 милиони евра, и ги продале како отпад. За сите пријавени важи презумпција на невиност, а вина може да утврди само суд.
Пријавата е поднесена, а јавноста сè уште не добила одговор дали постои предмет, кој постапува по него и во која фаза е. Токму затоа од Савески бараме јавно да одговори зошто охридското обвинителство молчи.
Стотици предмети во фиоките
Арнаудов се прошета низ обвинителствата Охрид, Струга, па повторно Охрид. Стотици нерешени предмети седат во фиоките на обвинителството. Никој од државното обвинителство не го проверил депото на обвинителството за да се види што недостасува од материјалите и предметите што се докази за сторени дела, како и колку наркотични дроги се исчезнати. Така поминуваат годините.
Три институции мора веднаш да постапат
Три институции мора веднаш да спроведат истрага против обвинителот Арнаудов и неговите најблиски соработници во ЈО Охрид:
„Охридскај“ од Савески, Вишото јавно обвинителство Битола и Советот бара јавно да одговорат што превзеле.
С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
