Background

Филипче за 2 години Влада: 46% помал откуп кај малите земјоделци – вистинската слика за лажните ветувања.

🎙️ Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека вистинската слика за лажните ветувања на ВМРО во делот на земјоделството, се гледа преку официјалните податоци и реалната состојба на терен. Филипче посочи дека по две години од мандатот на ВМРО, наместо поддршка, сигурен пласман и повисоки субвенции, земјоделците се соочуваат со запоставеност, намалена помош и сериозни проблеми со откупот.
„Што ветуваше Мицкоски во платформата 1198? Загарантирани откупни цени, гарантиран откуп и пласман, 180 милиони евра поддршка за земјоделците и искористување на европските фондови. Што е вистината? Ништо од ова не е испорачано. Што е вистината кај малите земјоделци? За 46% е намален откупот на производи на малите земјоделци. Значи скоро половина од тоа што произведуваат малите земјоделци, не им се откупува. Стои така по дворовите производството. Но Министерството за земјоделство тоа не го интересира, а премиерот упорно го брани министерот за земјоделство“, рече Филипче.
Тој нагласи дека состојбата во земјоделството не само што не е подобрена, туку е дополнително влошена, а повеќе сектори се соочуваат со сериозни последици од негрижата на Владата.
„Не само што ништо не е испорачано, напротив, уште повеќе има многу помалку пари, како во ИПАРД кој што го нема, како во вкупните субвенции кои што се намалени за 40 милиони евра, сите сектори се соочуваат, би рекол, дури и со пропаст. Од производители на раноградинарски култури, зелка, бостан, понатаму сточарите, оризопроизводителите, тутунарите, едноставно нема сектор во земјоделството во кој луѓето кои што многу добро знаат колку чини секоја капка пот, но тие не чувствуваат буквално никаква поддршка од Владата“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека власта единствено што прави со овој сектор е манипулација.
„Сега задоцнето се планира почеток на исплаќање на субвенции кај тутунарите и тоа со пари кои што се префрлаат од други сектори.Значи нема да има субвенции за сите кои што сега чекаат, затоа што сега се планира исплата само на тутунарите“, рече Филипче.

Види помалку

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation