Background

Филипче: Платформата е проект на Христијан Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

💬 Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека таканаречената Платформа претставува уште еден политички проект на Христијан Мицкоски – ЗНАМ 2.0, чија единствена цел е дополнително да се фрагментира опозицијата и да се ослабне СДСМ, бидејќи власта сè повеќе ја губи довербата кај граѓаните.
„Јас не би ги коментирал проектите на Христијан Мицкоски. Жал ми е што дел од другарите се откажаа од партијата, од својата идеологија. Тоа е веќе видено. Тоа е претходниот проект ЗНАМ кој што еве постепено пропаѓа. Ист е организаторот и ист е финансиерот“, рече Филипче.
Во одговорот Филипче порача дека СДСМ е целосно фокусиран на зајакнување на Фронт за вистина и правда и враќање на институциите во служба на граѓаните, додека власта, наместо да понуди решенија, создава нови политички конструкции за да го зачува својот рејтинг.
„Ние сме посветени на друга работа, да го окрупнуваме Фронтот, затоа што државата е заробена, заробени се институциите, блокирана е иднината на земјата и за тоа се бориме секојдневно. Комуницираме со многу луѓе, членови, симпатизери, разни чинители, се бориме да ја вратиме власта во рацете на народот, заради тоа што на овој начин истите тие луѓе со истите методи кои што го креираа движењето ЗНАМ сега се обидуваат повторно да не ослабат“, рече Филипче.
Притоа, Филипче додаде дека причината за ваквите обиди е сè подлабоката политичка криза во која се наоѓа Владата на ВМРО.
„Поради тоа што оваа власт неповратно тоне затоа што нема добри политики, а ние се консолидираме и поради тоа што нема други механизми да остане на власт освен нас дополнително да не фрагментира. Така што таа платформа е единствена платформа за спас на Христијан Мицкоски и ништо друго, но нема да успеат“, рече Филипче.
Воедно, Филипче порача дека СДСМ останува отворен за дебата и различни мислења, но истакна дека е симптоматично што од луѓето кои стојат зад оваа иницијатива нема ниту една сериозна критика кон Владата и нејзините политики.
„Јас сум отворен за било која дебата и за било која дискусија. Ние од тоа не видовме јасна критика на власта. Видовме ли поддршка за критиките кои што ние ги даваме? Видовме ли критика за блокирањето на европскиот пат? Видовме ли критика за криминалните тендери коишто ги спроведува оваа власт изминатите две години? Не. Што видовме? Критика за СДСМ, која што е целосно отворена. И јас лично и сите тука во партијата, за дебата, за конструктивна дискусија, за надградување, за евентуална промена на нашите политики, ако некаде грешиме – тука во партијата е местото каде што треба тие дискусии да се одвиваат. А тие таканаречени новинари и аналитичари ги гледаме како со текот на годините, врз основа на близината со одредени политички субјекти и поединци, ги менуваат ставовите“, рече Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation