Background

Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!

Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!
🎙️Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани граѓаните“, рече Филипче.
Тој нагласи дека жителите на населените места каде што се планираат рудници мора на референдум да одлучат дали прифаќаат такви проекти во близина на своите домови.
„Во време кога илјадници граѓани во Гостивар беа затруени од загадена вода, кога и во Струмичкиот регион има места со неисправна вода, кој може да гарантира дека токсични материи, како антимонот, утре нема да завршат во водата? Такви одлуки не смеат да се носат зад грбот на граѓаните“, рече Филипче.
По целосниот дебакл на економските политики, Мицкоски нема право спасот да го бара во распродажба на природните ресурси, додаде претседателот на СДСМ.
„Тоа што во моментов ја води Владата не значи дека може да располага со националните богатства како да се негова приватна сопственост. Како што водата ја ветил за изградба на дата-центри, така сега сака да ги распродава земјата и рудите за да ги покрие своите лоши економски политики“, истакна Филипче.
Во однос на најавените дата-центри, тој посочи дека власта крие суштински информации: кој ќе ја користи водата од Вардар, што ќе се случи со земјоделството, колку електрична енергија ќе трошат центрите, дали ќе поскапи струјата и каква корист ќе имаат граѓаните од проекти што отвораат само неколку работни места.
„Ние не сме против технолошкиот развој на државата. Ние сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт да се остваруваат на штета на граѓаните. Водата од Вардар, земјата и рудите им припаѓаат на сите граѓани, а не на приватни компании и луѓе блиски до Мицкоски“, рече Филипче.
„Македонија не е на продажба. Граѓаните мора да одлучат дали ќе има рудници во близина на местата каде што живеат. Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation