Background

Европската Унија му даде понуда на Трамп

Европската Унија им нуди на САД взаемно укинување на царините за индустриски производи, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

– Подготвени сме да преговараме со САД, понудивме нула за нула царини за индустриски стоки, како што успешно направивме со многу други трговски партнери – изјави Фон дер Лајен по состанокот со претставници на челичната и металната индустрија.

Истовремено, Комисијата е подготвена да одговори со контрамерки.

- Advertisement -
Ad image

– Европа е секогаш подготвена за добар договор, затоа го оставаме на маса. Но, ние сме подготвени да одговориме со контрамерки и да ги браниме нашите интереси – додаде претседателот на Комисијата.

Американската администрација воведе царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик во САД од целиот свет, кои стапија на сила на 12 март. Од 3 април, тарифите се исто така 25 отсто за сите автомобили и автоделови што не се произведени во САД.

На 2 април американскиот претседател Доналд Трамп објави трговска војна на целата планета и најави реципрочни царини, минимум 10 отсто за сите, а уште повисоки царини за околу 60 земји, кои ќе стапат на сила од среда, на 9 април. Тој ги „пресече“ царините на 20 отсто за Европската Унија, на 34 отсто за Кина.

Европската комисија ги анализира можните одговори и се консултира со земјите членки, а првиот одговор треба да следи во среда.

Комесарот за трговија, Марош Шефчовиќ, во Луксембург, каде министрите за трговија на земјите-членки разговараа за трговските односи со САД, изјави дека Комисијата подготвила список со предложени контрамерки кои денеска ќе бидат испратени до земјите-членки.

– Гласањето е закажано за среда, на 9 април, а контрамерките треба да се применат од 15 април – рече Шефчовиќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation