Европската Унија го постави 24 декември 2026 година како рок до кој секоја земја-членка мора да им овозможи на граѓаните да користат барем еден сертифициран дигитален паричник за идентитет. Сепак, воведувањето на новиот систем не се одвива со иста брзина, па затоа досега само три земји го започнаа.
Дигиталниот паричник ќе биде бесплатен, а корисниците ќе можат да складираат национални документи за идентификација, возачки дозволи, дипломи, информации за здравствено осигурување и банкарски податоци во него.
Системот се базира на три важни механизми за заштита на приватноста: селективно откривање на податоци, спречување на поврзување на различни трансакции со истиот корисник и принципот според кој издавачот на документот не може да следи каде и за која цел се користи.
Ова значи, на пример, дека корисникот може да докаже дека е полнолетен без да го открие датумот на раѓање или да докаже престој во земја членка без да ја открие адресат и други информации од личната карта.
Користењето на дигиталниот паричник за граѓаните ќе биде доброволно, додека личните карти, возачките дозволи и другите документи во хартиена или физичка форма ќе останат важечки.
Компаниите што работат во Европската Унија ќе мора да го прифатат европскиот паричник за дигитален идентитет најдоцна од 24 декември 2027 година. Превозниците, снабдувачите со енергија, здравствените услуги, телекомуникациите, поштенските услуги, образовните установи и операторите на дигитална инфраструктура ќе треба да користат силна автентикација на корисникот.
За банките, оваа обврска ќе започне порано – веќе во јули 2027 година, првенствено поради правилата поврзани со идентификацијата на клиентите и спречување на перење пари.
Покрај граѓанските паричници, Комисијата предложи европски деловен паричник за правни лица, насочен кон застапување, полномошна и размена на службени документи меѓу претпријатијата и јавните органи.
Европскиот паричник за дигитален идентитет доаѓа од ревидираната eIDAS уредба, обично наречена eIDAS 2. Тоа е мобилна апликација што содржи проверени идентитетски атрибути и уверенија, издадени од доверливи страни, кои корисникот може селективно да ги покаже на оној што ги бара.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
