Европската комисија се подготвува за исплата на парите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

– Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 година – изјави портпаролот.

Тој потсети дека Реформската агенда, која опфаќа реформи во областа на основните права и социо-економски реформи, земјава ги поднесе лани во јули, по што Еврокомисијата оцени и заклучи дека таа е во согласност со целите и барањата на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан.

 

– Реформската агенда беше одобрена на 23 октомври 2024 година со Одлука за спроведување на Комисијата, по позитивно мислење од земјите членки (во Комитетот ИПА III). За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7% средства во форма на предфинансирање. Тоа го побараа сите 5 корисници со одобрени реформски агенди. Ова ја вклучува и Северна Македонија – истакна портпаролот.

Тој додаде дека Планот за раст на Западниот Балкан нуди патоказ за приближување на економиите на земјите од регионот до Европската унија.

– Поконкретно, тоа се 6 милијарди евра инвестиции, а принципот е и инвестиции и реформи, што обезбедува постепен пристап до единствениот пазар, овозможувајќи им на граѓаните од Западниот Балкан да пред време да почувствуваат некои придобивки од интеграцијата во ЕУ – изјави портпарол на Европската комисија за МИА.

 

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани на 13 ноември минатата година го потпиша барањето до Европската комисија за предфинансирање во износ од 52,5 милиони евра, со што Северна Македонија стана првата земја од Западниот Балкан која ги презеде сите неопходни чекори за исплатата на првите средства од Инструментот за реформи и раст.

- Advertisement -
Ad image

Идејата на Планот за раст на Европската комисија е со исплата на средствата во износ од шест милијарди евра, во форма на грантови и заеми под поволни услови, до 2027 година, да се овозможи двојно зголемување на економскиот раст на регионот во наредните десет години.

Share This Article