Background

ЕРДОГАН ОДОБРИ ОДБРАНБЕН ПАКТ СО 2 ЗЕМЈИ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го одобри одбранбениот договор со Пакистан и Саудиска Арабија. Пактот предвидува надворешен вооружен напад врз една потписничка да се смета за напад врз сите три.

Одлуката е објавена денеска во Службениот весник на Турција, пренесе „Туркије тудеј“. Со неа завршува турската ратификација, откако парламентот го одобри договорот на 5 ноември.

При напад, сојузниците се обврзуваат веднаш да ѝ помогнат на нападнатата земја. Обемот и видот на поддршката ќе ги определат според процената и расположливите средства, вклучувајќи воени.

- Advertisement -
Ad image

Договорот опфаќа снабдување со оружје, муниција, гориво и резервни делови. Предвидени се и заедничко одбранбено производство, обуки и размена на раxзузнавачки информации преку заштитени канали.

Трите земји го потпишаа пактот во Мека во август, во услови на војната на САД и Израел против Иран. Денеска и утре нивни претставници се состануваат во Исламабад, каде што ќе разговараат и за нападите на јеменските Хути врз Саудиска Арабија.

Сојузот ја поврзува Турција, која ја има втората најголема војска во НАТО, со нуклеарно вооружениот Пакистан и еден од најголемите светски извозници на нафта.

Секретаријатот ќе биде во Саудиска Арабија, додека првиот генерален секретар ќе дојде од Пакистан. Договорот стапува во сила по депонирањето на последниот инструмент за ратификација. Потписничките ќе можат да се повлечат дури по 10 години од неговото стапување во сила.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖