Вистинска драма се одвивала на небото над Бугарија, откако патнички авион „Ербас А320“ кој летал од Варшава кон Тел Авив испратил безбедносен код 7500, кој во авијацијата означува можно незаконско преземање или нелегално мешање во авионот. Поради сериозноста на сигналот, бугарските воздухопловни сили веднаш реагирале и во воздух бил подигнат борбен авион МиГ-29.
Летот LOT 155 бил пресретнат веднаш по влегувањето во бугарскиот воздушен простор, а операцијата била координирана со НАТО преку Заедничкиот центар за воздушни операции во Торехон. Бугарскиот борбен авион го придружувал патничкиот авион, додека пилотот ги спровел сите пропишани процедури за идентификација и безбедносна проверка.
Подоцна Министерството за транспорт на Бугарија соопшти дека алармот не бил предизвикан од киднапирање или друг безбедносен инцидент, туку од техничка неисправност на транспондерот, кој погрешно го емитувал кодот 7500.
По напуштањето на бугарскиот воздушен простор, авионот бил преземен од два турски борбени авиони Ф-16, во тесна координација со Грција.
Според медиумските информации, леталото подоцна побарало повторно да се врати и да слета во Бургас, каде што безбедно се приземјило. На аеродромот биле преземени сите безбедносни мерки, а околу авионот бил воспоставен заштитен периметар.
Нема информации за повредени патници или членови на екипажот, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за дефинитивно утврдување на причините за активирањето на алармот.
Според бугарскиот портал „24 часа“, станува збор за лет на полската авиокомпанија LOT од Варшава до Израел. Според нивните информации, кога цивилниот авион бил над Кипар, пилотот на авионот повторно го активирал алармот за киднапирање, по што авионот направил полукружно свртување и се вратил во Бугарија, откако му било одбиено слетување на Кипар. Во текстот се вели дека авионот бил во Бургас на полнење гориво. Не е јасно од кои причини Кипар одбил слетување, како и зошто авионот не слетал во Турција.
Tagged as:
Ербас кој летал за Израел предизвика драма на небото над Балканот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
