Единаесетгодишно момче го управувало пикап-возилото на своите родители и во четвртокот удрило во будистичка поворка во Тајланд, при што загинале осум монаси, а повеќе од 20 лица биле повредени, соопштија полицијата и здравствените власти.
Група од 35 монаси и петмина мирјани се движела покрај пат во североисточната покраина Мукдахан за време на аџилак кога се случила несреќата.
– Го видовме момчето како го вози пикапот и ни се приближува. Во тој момент ја изговарав мантрата ‘Будо, Будо’. Одеднаш возилото со голема брзина удри и нè покоси – изјавил монахот Фра Сомпонг во видеоснимка објавена од локалните спасувачки служби.
Според неговите зборови, дел од монасите успеале да го избегнат ударот, но други биле погодени и исфрлени во воздух.
Полицијата соопшти дека пет монаси загинале на местото на несреќата, додека уште тројца подоцна им подлегнале на повредите во болница. Четворица монаси се наоѓаат во критична состојба во болницата во Мукдахан, уште десет се потешко повредени, додека останатите се здобиле со полесни повреди.
Снимките од безбедносните камери ги прикажуваат монасите како се движат покрај патот, по што се гледа пикапот и силниот удар што ја прекинува поворката.
Според полицијата, момчето без дозвола го зело возилото на своите родители и изгубило контрола пред да удри во поворката.
– Осомничениот е дете. Возилото е испратено на форензичко вештачење за да се утврди причината за несреќата – изјавил полицискиот генерал-мајор Паирој Тајпутса.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
