Дваесет и двегодишна девојка од Скопје починала откако била удрена од автомобил на булеварот Партизански одреди

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дваесет и двегодишна девојка од Скопје починала откако била удрена од автомобил на булеварот Партизански одреди.

Тешката сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ј. (20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К. (22) од Скопје.

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од ОЈО Скопје информираат дека на терен увид извршил дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, кој нареди обдукција на телото на починатата, како и испитување на крвта и урината на возачот.

„Истовремено, обвинителството издаде наредба за обезбедување на видео-снимки од надзорните камери на локацијата и за преземање на сите потребни дејствија со цел целосно расчистување на случајот“, велат од обвинителство.

Share This Article