Два трговски брода се погодени од дронови во текот на ноќта во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море, на околу 150 километри југоисточно од Варна, во прв ваков пријавен напад врз пловила во бугарската економска зона.
Станува збор за бродови за разновиден товар „Алфа Ватан“, кој пловел под знамето на Того, и „Абле“, под знамето на Палау. Нападот се случил источно од ртот Свети Атанас и Бјала, на околу 70 до 80 наутички милји од брегот.
Бродот „Алфа Ватан“ претрпел тешки оштетувања на трупот и потонал источно од бугарскиот брег. Во моментот на објавување на информациите сè уште нема официјална потврда за судбината на неговиот екипаж, а спасувачките екипи трагаат по исчезнатите морнари.
На вториот брод, „Aбле“ по ударот избувнал пожар поради што целиот 18-членен екипаж морал да го напушти пловилото.
Во спасувачката операција се вклучил бугарски ферибот, кој бил пренасочен кон местото на инцидентот и ги презел сите 18 морнари од „Абле“. Според досегашните информации, меѓу спасените има и повредени, на кои им била укажана прва помош, по што се подготвува нивно префрлање на брегот за медицинска помош.
Спасувачката операција продолжува во поширокиот реон источно од градот Бјала. Засега нема официјална информација кој стои зад нападите со дронови. Бугарските власти го истражуваат инцидентот.
Бугарскиот премиер Румен Радев свика итна средба со претставници на институциите по нападот врз двата брода во бугарската економска зона.

На средбата ќе учествуваат претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и води, претседателската институција и безбедносните служби.
Поради инцидентот, бугарската претседателка Иљана Јотова ја промени својата програма и го откажа планираното присуство во Велико Трново, каде што требаше да присуствува на претставувањето на резултатите од археолошките истражувања и реставрацијата на ридот Трапезица.
Инцидентот се смета за прв пријавен напад со дронови врз трговски бродови во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
