Два објекти од магацин за производство во селото Неготино во тетовско целосно изгореле, а еден делумно во пожар кој го зафатил магацинот синоќа околу 00:45 часот, известува Центарот за управување со кризи. Интервенирале 9 пожарникари и 3 ПП возила од противпожарните единици на Тетово (ТППЕ).
„Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот“, соопшти Центарот за управување со кризи.
Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.
Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сè уште има жар и чад поради што ТППЕ Гостивар сè уште се на терен.