Background

Додека САД и Иран преговараат, Пекинг влече конци

Милијарда барели нафта исчезнаа од светскиот пазар за време на војната во Иран, но цените останаа далеку под катастрофалните прогнози. Многу аналитичари причината ја гледаат во Кина, која со резервите, намалената потрошувачка и електричните возила помогнала да се ублажи глобалниот шок.

Додека САД и Иран разговараат за трајно отворање на Ормускиот Теснец и за враќање на нормалниот проток на нафта, погледите сè повеќе се насочуваат кон Пекинг.

САД ги укинаа санкциите за Иран на 60 дена што влијаеше на пазарите. Но, што е со кинеското влијание?

„Невидливата рака“ на Пекинг

- Advertisement -
Ad image

Некои прогнози предвидуваа дека цената на нафтата може да достигне 200 долари за барел. Наместо тоа, суровата нафта „брент“ остана значително пониско и деновиве повторно падна под 78 долари за барел.

Аналитичарите од „Сосиете Женерал“ оценуваат дека зад овој парадокс стои „невидливата рака“ на Кина.

Пекинг успеал да го намали увозот за околу 3 милиони барели дневно, количина речиси еднаква на целокупната побарувачка на Јапонија.

Резерви наместо паника

Пред почетокот на војната, Кина натрупала огромни резерви на сурова нафта, делумно благодарение на поевтините испораки од Русија и од Иран.

Според процените, земјата располага со повеќе од милијарда барели во стратешки и во комерцијални резерви.

Кога цените почнале да растат, наместо да купува скапа нафта на пазарот, Кина почнала да ги користи сопствените залихи.

Електричните возила го менуваат пазарот

Дополнителен фактор е брзиот раст на електричните возила. Речиси секој втор нов автомобил продаден во Кина денес е возило на нова енергија.

Според процените на Меѓународната агенција за енергија, кинеската флота на електрични возила минатата година ја намалила потрошувачката на нафта за околу милион барели дневно.

Аналитичарите сметаат дека токму комбинацијата од резерви, ограничен увоз и забрзана електрификација помогнала да не дојде до нов глобален ценовен шок.

Од недостиг до вишок?

Додека пред само неколку недели светот стравуваше од недостиг на нафта, сега се појавуваат предупредувања за спротивно сценарио.

Меѓународната агенција за енергија проценува дека следната година понудата би можела да ја надмине побарувачката за 4,7 милиони барели дневно, особено ако Ормускиот Теснец целосно се отвори и ако производството на Блискиот Исток се нормализира.

Во таков случај, повторно ќе се постави истото прашање што денес го поставуваат аналитичарите:

Што сака да купи Кина?

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation