Во наредните денови Македонија ќе биде зафатена од студен бран кој ќе донесе дожд и снег, најавува Управата за хидрометеоролоки работи.
„Утре кон крајот на денот во западните и во северните делови ќе има повремен локален дожд. Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи, кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег. Во некои места врнежите од снег ќе бидат пообилни“, најавува УХМР.
На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
„Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула степени“ соопшти УХМР.
Во Скопје во сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег.
„Во недела во Скопје времето ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка“, се вели во најаата на УХМР.