Background

ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА СЕ ОТВОРИ ВО ОХРИД

Денеска во Охрид  официјално беше отворен Дневен Центар за стари лица. Овој крупен проект е на Општина Охрид, Светска Банка и Мнистерството за социјална политика, демографија и млади. Носител на проектот е Здружението на граѓани ВОПС.

На свеченоста, пред присутните за значењето на проектот зборуваше градоначалникот, Кирил Пецаков.

– Ветеното станува реалност. Денес, на Меѓународниот ден на Стари лица имам особена чест да  присуствувам на важен настан за нашиот град – официјалното отворење  на Дневниот центар за стари лица.

Ова не е само отворање на нов објект. Ова е конкретен чекор  напред во нашата заедничка мисија  да изградиме хумано, топло и грижливо општество. Нашите постари сограѓани го градеа Охрид, ги воспитуваа генерациите пред нас  и со својот труд го дадоа темелот на сето она што денес го имаме. Затоа, наша должност и морална обврска е да им обезбедиме достоинствени услови, исполнети денови, почит и грижа какви што заслужуваат.

Новиот Дневен центар е замислен како место каде што нашите повозрасни сограѓани ќе може да се дружат, да учествуваат во разни рекреативни и едукативни активности, да добиваат соодветна поддршка и, најважно од се, да не се чувствуваат осамено. Овој простор е можност за заедничко и квалитетно поминато време, муабетење и релксирање.

Овој значаен прокект е реален пример за тоа што се можеме да постигнеме кога соработката е заснована на заедничка визиј. Благодарност до Светска Банка  и до Министерството за Социјална политика, демографија и млади  кои со финансиски сретства од  1. 250. 919 денари овозможија  денес вратите на овој дневен центар  да се отворат. Општина  Охрид  како кофинансиер  учествуваше со  438.000 денари. Просторот е на општината, наша обврска се  и трошоците за месечните комунални сметки, а за превоз  на корисниците обезбедивме  и комбе 8+1.

Дневниот центар има соба за дневен престој, кујна, соби за рекреација и  за стручни  тимови и  три тоалети.  Дневниот центар ќе биде отворен  во период од 8 до 16 часот и во моментов е посетуван од 30 корисници, а секако очекуваме овој број да се зголемува во иднина. За секој ден од неделата предвидени се  различни и интересни содржини за оваа категорија луѓе од   спортски, рекреативен, културен и социјален карактер.

Општина Охрид ќе продолжи и во иднина да вложува во социјални услуги, во проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на сите генерации и кои го прават нашиот град подобро и потопло место за живеење.

На сите сегашни и идни корисници на овој Центар им посакувам многу здравје, убави моменти и денови исполнети со насмевка и спокој.

Нека ни е честит и со среќа Дневниот Центар јас би рекол не за стари,  туку за повозрасни лица- рече градоначалникот Пецаков.

Просторот во кој е сместен центарот е во целосна сопственост на Општина Охрид.

Tags :
- Advertisement -
Ad image

Споделете:

Најнови објави

ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА СЕ ОТВОРИ ВО ОХРИД

октомври 1, 2026
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 4, УРБАН БЛОК 4.2-ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД

октомври 1, 2026
ОДРЖАНИ ПЕТНАЕСЕТТАТА И ШЕСТНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ

септември 30, 2026

За повеќе прашања?

Јавете се во Општина Охрид или пријавете проблем:

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖