Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознава порталот МКД.мк од извор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци.
Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи информации на Алијансата.
Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот.
Изворот за порталот тврди дека согласно методологијата, проверени биле и скандалите кои за Христовски ги објавуваше опозицијата и некои медиуми поврзани со неговиот сертификат за познавање на англиски јазик и за вториот факултет на Христовски.
Во минатото голем број македонски функционери беа одбивани за ваков сертификат од страна на НАТО.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
