Background

Димитриеска-Кочоска оцени дека е позитивен чекор што е воспоставена посебна даночна Дирекција за нив

Повеќе од 40% од остварените даночни приходи во државата доаѓаат од големите даночни обврзници, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во рамки на Управата за јавни приходи.

Таа оцени дека формирањето на Дирекцијата пред две децении претставува значајна реформа во даночната администрација, со која бил воспоставен специјализиран пристап кон најголемите компании во земјата. Тој овозможува директна и континуирана комуникација со компаниите, подобро разбирање на нивното работење и поефикасно управување со даночните обврски.

– Компаниите кои ги опфаќа се меѓу најзначајните носители на економската активност во земјата, компании кои инвестираат, вработуваат, создаваат додадена вредност и имаат значајно учество во полнењето на Буџетот – реле Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа оцени дека покрај ефикасната и навремена наплата на јавните приходи и доследната примена на даночните правила, важно е компаниите да имаат професионален однос, јасна комуникација и предвидливо деловно опкружување.

– Стабилен и предвидлив даночен систем е важен предуслов за компаниите при носењето долгорочни одлуки за инвестиции, нови вработувања, проширување на производството и развој на нивното работење – рече Димитриеска-Кочоска.

Промените во деловното опкружување и забрзаниот технолошки развој бараат и даночната администрација постојано да ги унапредува своите услуги, смета Димитриеска-Кочоска.

Како еден од значајните чекори во таа насока министерката го посочи проектот „Е-фактура“, кој започна да се спроведува во Управата за јавни приходи. Според неа, дигитализацијата треба да придонесе за поедноставување и забрзување на процесите, намалување на административниот товар и поголема сигурност и следливост во работењето.

Димитриеска-Кочоска се осврна и на средствата обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, кои се пласираат во македонската економија под поволни услови. Според неа, овие средства ги охрабриле компаниите да влезат во инвестициски циклус вреден близу 300 милиони евра.

Министерката посочи и дека и натаму ќе продолжи унапредувањето на даночната регулатива и нејзино усогласување со меѓународните и европските даночни стандарди.

Како пример го наведе усвојувањето на Законот за минимален глобален данок на добивка, како и работата на измени и дополнувања на Законот за даночна постапка со кои се предвидува воведување жалбена постапка како правен лек против секој управен акт.

Министерката нагласи дека модернизацијата на даночниот систем не треба да значи зголемување на даночниот товар.

-Остануваме на концептот на рамен данок, кој обезбедува предвидливост за компаниите и создава стабилна основа за планирање на инвестициите и развојот. Остануваме посветени на градењето институции кои ќе бидат во функција на граѓаните и бизнисот – рече Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖