Background

Џенифер Лопез седеше во првиот ред на ревијата на Стела Мекартни за колекцијата пролет/лето 2027, која се одржа на отворено во градините на британската амбасада во Париз

Актерката и пејачка седеше во првиот ред на ревијата на Стела Мекартни за колекцијата пролет/лето 2027, која се одржа на отворено во градините на британската амбасада во Париз. Дождот не престануваше, па Лопез пристигна подготвена со голем црн чадор.

Но, организаторите побарале гостите да ги спуштат чадорите за да не им го попречуваат погледот на луѓето зад нив. Лопез првично не реагирала на барањето.

Според „Дејли мејл“, жена што седела зад неа дискретно ѝ кажала дека персоналот бара да го тргне чадорот. Лопез наводно само нешто промрморела и продолжила да си гледа во телефонот. Во еден момент чадорот го држи и нејзиниот телохранител.

- Advertisement -
Ad image

Неколку моменти подоцна, персоналот повторно ѝ се обратил, по што Лопез го предала чадорот. На снимката од моментот изгледа незадоволно, а сцената веднаш се прошири на социјалните мрежи. Дел од корисниците ја обвинија, додека други сметаа дека реакцијата е претерано драматизирана со оглед на тоа што врнело силен дожд.

Проблемите со дождот почнале уште пред ревијата. Кога пристигнала, Лопез забележала дека седиштето ѝ е мокро, па го чекала телохранителот да го избрише за да може да седне. Подоцна, додека седела во првиот ред, повторно морала да се справува со дождот откако чадорот ѝ бил отстранет.

 

И покрај незгодната ситуација, Лопез привлече внимание со својот изглед. Таа носеше комбинација во чоколадно-кафеави нијанси, со здолниште и топ со ремен, голема марама од вештачко крзно, кафеава чанта и чевли во карамел нијанса. Косата ѝ беше пуштена во меки бранови, а изгледот го надополни со црн проѕирен превез.

Лопез седеше во близина на британската комичарка и актерка Дајана Морган, додека на ревијата присуствуваа и други познати имиња. Колекцијата на Мекартни беше инспирирана од морето и океанскиот свет, а ревијата се одржа во рамките на одбележувањето на 25 години од основањето на нејзиниот бренд.

 

Иако вниманието на интернетот го украде чадорот на Лопез, самата ревија имаше многу посериозна тема. Мекартни ја посвети колекцијата на морскиот свет и на заштитата на океаните, со порака „морски живот, а не морска храна“, критикувајќи го влијанието на комерцијалниот риболов врз морските животни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖