Џенерал Моторс најави привремено затворање на фабриката во канадскиот град Ингерсол која произведува електрични комбиња BrightDrop, а целата фабрика ќе престане со работа од 14 април 2025 година поради слабата побарувачка за електрични возила.
GM продаде само 274 BrightDrop возила во првиот квартал, значително под очекувањата. Компанијата, поради прекумерните залихи и недоволната побарувачка, одлучи да го „прилагоди работењето на пазарните услови“.
Според најавите, со оваа одлука на Џенерал моторс се загрозени околу 500 работници, а некои од нив можеби во мај воопшто нема да се вратат на работните места во октомври за кога е планирано нејзино отворање со намален капацитет.
Синдикатот „Унифор“, кој ги застапува работниците во Ингерсол, потврди дека по продолжувањето со работа, бројот на смени ќе се преполови, што дополнително ја загрозува безбедноста на вработените.
Ова не е прв удар за GM во Канада – уште една нивна фабрика претходно беше затворена, а Stellantis неодамна претрпе двонеделен штрајк во фабриката во Виндзор, исто така предизвикан од падот на побарувачката и лошите пазарни услови.
Покрај пазарните предизвици, канадската автомобилска индустрија трпи и последици од протекционистичката политика на Доналд Трамп, вклучувајќи го и наметнувањето царини за странски возила. Ова предизвика сериозна неизвесност во трговските односи меѓу САД и Канада.
Градот Ингерсол има 14.000 жители и затворањето на оваа фабрика ќе има големи последици врз локалната заедница.